Се одржа манифестацијата „Паланечка компиријада 2013“

Во недела на градскиот плоштад во Крива Паланка се одржа манифестацијата  „Паланечка компиријада 2013“ како дел од програмата „Крива Паланка град на културата за 2013“.  Манифестацијата ја отвори градоначалникот г.Арсенчо Алексовски, по што следуваше осветување со желба за поубав род од страна на свештени лица при МПЦ-Крива Паланка.

[embpicasa id=”5944951895449439697″]

На градскиот плоштад беа поставени штандови со црвен и бел компир произведен во Осоговието, беа изложени специјалитети од компир, се читаа текстови за компирот како амбасадор на Крива Паланка и се одржаа натпревари во брзо лупење компир и лупење најдолга лушпа од компир. Посетителите имаа можност да слушнат и за благотворните дејства на компирот, неговото користење како лек и кулинарски трикови за приготвување јадења од компир. Посебно внимание привлече штандот со креации од компир изработени од дечињата од детската градинка „Детелинка“.

Иницијатор за востановување на „Паланечка компиријада“ е паланчанката Весна Чурчиќ-Величковска која се погрижи за интегрирање на што поинтересни содржини, а ја изработи и маскотата „Паланечко компирче“.

„Паланечка компиријада 2013“ беше збогатена со настапот на фолк-пејачот Круме Спасовски, а настапија и вокално-инструменталниот состав „Распеани паланчани“, КУД „Фолклористи“ и хорот при Црвен Крст од Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст