Паланечка компиријада 2013

Во рамки на манифестацијата „Крива Паланка град на културата за 2013“, во недела на 10 ноември ќе се одржи манифестацијата „ПАЛАНЕЧКА КОМПИРИЈАДА 2013“.

Програма
10 ноември 2013 г. (недела) -плоштад Крива Паланка

11:45 – 12:00   
– Настап на првата група играорци (почеток на манифестацијата)

12:00 – 12:20
–  Отворање на манифестацијата со поздравни говори до организаторот, градоначалникот и присутните
–  Поздравно обраќање на градоначалникот Арсенчо Алексовски и прогласување на манифестацијата Палнечка компиријада-2013 за отворена

12:20 – 12:30
– Осветување на манифестацијата, со желба за поубав род од страна на свештено лице при МПЦ-Крива Паланка

12:30 – 13:05
– Настап на дечињата од детската градинка ,,Детелинка“
– Настап на хорот при Црвен Крст
– Компирот –амбасадор на Крива Паланка (текст за Компирот)
– Пораки до младите од г-ѓа Пале
– Настап на втората група играорци
– Читање на текстови за познати специјалитети од компири

13:05 – 13:20
– Разгледување на штандот со изложените специјалитети од компир
– Настап на оркестарот при КУД Фолклористи

13:20 –  14:00
– Натпревар во брзо лупење на компир
– Настап на хорот при Црвен Крст (втора група)
– Запознавање на присутните со благотворните својства на компирот и неговото користење како лек
– Настап на инструментална група
– Пезентација на искусни трикови за јадења со компир

14:00 – 14:30    
– Настап на пеачката група на староградски песни, Распеани кривопаланчани
– Натпревар во лупење на најдолга лушпа од компир
– Прогласување на победникот и доделување на награди

Големина на фонт
Контраст