Свечено прославен 8 Октомври, Денот на ослободувањето на Крива Паланка

Денот на ослободувањето на Крива Паланка, кој оваа година се празнува по 69-пат, беше одбележан со повеќе свечености на кои присуствуваа голем број гости од општината, од збратимените градови како и претставници на институциите и организациите со кои Општината остварува успешна соработка.

[embpicasa id=”5932705235858172993″]

На свечената седница се обрати градоначалникот г.Арсенчо Алексовски.

На седницата беа доделени осмооктомвриските награди и дипломи за 2013 година, кои Општината ги доделува за особени постигнувања и резултати на поединци и институции.

Наградата „8-ми Октомври“ за 2013 година  Општина Крива Паланка ја додели на следните добитници:

1. Живко Стојановски  – постхумно за особени постигнувања и  придонес во  создавање на културни врски помеѓу Република Србија, Република Романија и Република Македонија;

2. Јован Христовски од Битола за особени постигнувања во областа за добивање донација на противпожарната заштита на граѓаните на Крива Паланка;

3. Д-р. Анета Стефановска од Крива Паланка, за посебни достигнување во образованието и науката;

4. Елизабета Стојановска од Крива Паланка, за постигнати значајни активности и резултати  во областа на образованието;

5. Наташа Младеновска од Крива Паланака за постигнати особено значајни активности и резултати во областа на образованието;

6. Никола Јакимовски од Крива Паланка за континуирани успешни резултати од областа на спортот;

7. Уце Амелија Личијана од Крива Паланка за континуирани успешни резултати од областа на спортот; и

8. Виорел Уце од Крива Паланка за континуирани успешни резултати за унапредување од областа на спортот.

Признание во чест на празникот на Општината „8-ми Октомври“ за 2013 година ја додели и  на следните правни лица:

1. Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој  за успешна реализација на проект и соработка со Општина Крива Паланка.

2. МАКОИЛ за соработка со Општина Крива Паланка.

3. Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој – Скопје за успешна   соработка со општина Крива Паланка.

4. МСИП – Министерство за финансии – Скопје за успешна соработка со Опшатина Крива Паланка

Општинска делегација положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ, а по повод општинскиот празник свечено беа пуштени во употреба Велосипедско ролерската патека и локален пат во с. Конопница маала Стамболици-маала Деловодци.

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

Во рамките на одбележувањето на општинскиот празник, во НУ Центар за култура,  се одржа промоција на романот „Уједи Паса“ од авторот Живко Стојановски, а беше отворена и изложбата на карикатури од Меѓународниот конкурс за карикатури на тема „Снаа – Свекрва“.

Големина на фонт
Контраст