Свечено одбележан 8 Октомври

Детското срце е искрено, Мир за сите, Среќно детство – среќна иднина ова се само некои од пораките со децата од градинката „Иво Лола Рибар“ им го честитаа празникот на граѓаните на Општина Крива Паланка, со што и започна прославата на 8 Октомви – Ден на ослободувањето на Крива Паланка.
Официјалниот дел на прославата започна со свечена седница на Советот на Општина Крива Паланка.

Градоначалникот г-дин Арсенчо Алексовски им се обрати на присутните гости, при што меѓу  другото истакна „Нашата мисија на која продолжуваме интензивно да работиме и сме фокусирани е да Крива Паланка биде економски и културно развиена средина, со голем број на профитабилни мали и средни претпријатија, регион кај што се призведува еколошки здрава храна, со развиен туризам и угостителство, со мал број на невработени лица,  со изградена социјална и комунална инфраструктура, добра сообраќајна поврзаност со соседните Општини,  накратко кажано примамливо место за живеење и работа на среќни и задоволни граѓани“.

 

Плакета на Општина Крива Паланка им беше доделена на Општина Вршац и   Националниот Советот на македонската заедница во Република Србија во знак на благодарност за досегашната соработка.
Потоа, следуваше полагање на цвеќе на споменикот на паднатите борци пред зградата на Општината.

 

Прославата беше збогатена со промоција на стихозбирката „Спектар на љубовта“ од Живко Стојановски во Центарот за култура во Крива Паланка.