Одбележан Денот на пожарникарите

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Храбрите пожарникари, кои 24 часа дневно се на располагање за разновидни интервенции, вчера го одбележаа 20 Мај, Денот на пожарникарите. Присутните имаа можност да се запознаат и да го разгледаат нивниот возен парк и техничката опременост на бригадата, а за најмалите посетители, пожарникарите одржаа интересна презентација за пожарите и превенцијата од нив.

Минатата година кривопаланечките пожарникари скоро секој ден се справуваа со пожари, имавме дури 107 интервенции.Затоа ние пожарникарите посветено работиме и ги усовршуваме вештините за справување со огнената стихија. Сите наши вработени постојано се надградуваат за да се изгради модерна единица, која секогаш ќе биде подготвена за сите предизвици што секојдневно се поставуваат пред неа, за да му овозможиме безбеден и сигурен живот на секој жител на градот. Ние, пожарникарите од оваа бригада, со максимална одговорност и ангажираност ги реализиравме поставените задачи, покажувајќи ја на дело својата посветеност кон оваа хумана професија – истакна командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски.

Пожарникарите добија честитки од градоначалникот Арсенчо Алексовски, кој високо ја оцени нивната работа во справувањето со пожарите. Тој нагласи дека благодарение на брзата и ефикасна интервенција биле спречени поглеми катастрофи.

Во рамки на прославата, беа доделени и лиценци на инструктори по обука на пожарникари за спасување од сообраќајни несреќи. На двајца пожарникари од ТППЕ од Крива Паланка, Иле Коцевски-Командир на ТППЕ и Сашо Јакимовски- Командир на Одделение, кои учествуваа на специјализирана обука за инструктори во центарот за обука Северин Парк во Авонмаунт во близина на Бристол, Велика Британија, лиценците им ги врачи претставникот на Операција Флоријан, г. Алан Хенсон.



Големина на фонт
Контраст