Одбележување на 9 Мај, Денот на Европа

По повод 9-ти Мај – Денот на Европа, градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски и амбасадорот на Р. Бугарија во Македонија г.Иван Петков, во четврток на 9-ти мај во 11 часот официјално ќе ја пуштат во употреба инфо точката на Европската Унија во Општината.

Денот на Европа во Крива Паланка ќе биде одбележан со хепенинг на градскиот плоштад  на кој свое обраќање ќе имаат градоначалникот Алексовски и амбасадорот Петков. На настанот ќе земат учество претставници од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“, детската градинка „Детелинка“, средношколскиот училишен центар „Ѓорче Петров“ како и повеќе  културно- уметнички друштва. 
Настанот опфаќа промотивни пултови на кои ќе бидат претставени Европската унија, Бугарија, Романија, Полска и Белгија со многубројни интерактивни работилници, ликовни активности како и музичка програма. Бројот на дирекни учесници  во културно забавната програма, презентациите и ликовните активности е околу 200 учесници.

Целиот настан е предвидено да се одвива во забавна атмосфера  со интерактивно учество на граѓаните на општина Крива Паланка, во периодот од 12 до 15 часот.