Претседателот на Општинската изборна комисија на Крива Паланка, г.Георги Ристовски денеска му го врачи Уверението за избран градоначалник на Општина Крива Паланка на г.Арсенчо Алексовски. Ова е втор мандат на градоначалникот Алексовски, кој беше реизбран на локалните избори одржани на 24.03.2013 година.
На свеченоста покрај претседателот и членовите на ОИК на Крива Паланка присуствуваше и општинската администрација, која со симболичен поклон, му посака среќа и успех на градоначалникот во вториот мандат. За прв пат на градоначалнкот Алексовски му беше врачен и клучот од градот, кој како традиција ќе се пренесува на секој нареден градоначалник.
Свеченоста беше одбележана со коктел на кој се наздравуваше за успех во работата на градоначалникот Алексовски.