АПРИЛИЈАДА 2013

Согласно Програмата  на  Крива Паланка за Град на култура -2013 година, на 1-ви април ќе биде одбележан денот на шегата насловен како „АПРИЛИЈАДА 2013“. Како и секојa година така и оваа ќе учествуваа најмалите, најслатките, најсмешните и највеселите дечиња од ОЈУДГ Детелинка, ООУ Илинден и ООУ Јоаким Крчовски.

Настанот ќе се одржи на 1-ви април во 11.00 часот во ООУ „Илинден“ и ООУ „Јоаким Крчовски“, а нивни гости ќе бидат најмалите од ОЈУДГ „Детелинка“. Манифестацијата ќе биде проследена со кажување шеги и лаги, музика и игра, избор на најубави групни и поединечни маски, а најмалите ќе уживаат и позираат пред камерите на родителите и пријателите.

Повелетe на овој ден да дадеме подршка на креативноста на најмалите кривопаланчани.

Големина на фонт
Контраст