Прославен Бадник на градскиот плоштад

Ноќта пред Христовото раѓање-Божиќ, кривопаланчани го прославија  големиот верски празник Бадник на градскиот плоштад. Со палење на коледарскиот оган се славеше љубовта, радоста и мирот меѓу  луѓето со добра волја. Бадниковиот  поздрав во рамки на црковните свечености на кривопаланчани им го пренесе архирејскиот намесник, протереј ставрофор Добрислав Бошковски, а на граѓаните им се обрати градоначалникот г.Арсенчо Алексовски посакувајќи им  добро здравје, среќа и бериќет по повод  Божиќните празници.

Градоначалникот Алексовски и овогодишниот кум Цане Николовски го запалија бадниковиот оган, а потоа сите граѓани  прославија со славска посна трпеза и топла ракија обезбедена од кумот.

И оваа година традиционално  се делеа лепчиња за избор на новиот кум. Најсреќен беше Зоран Димитровски, кај кого, од повеќето пријавени, се падна паричката.


Големина на фонт
Контраст