Одбележан 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

По повод 3-ти Декември,  Меѓународниот ден на лицата  со посебни потреби,  Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски и претставници од општинската администрација, традиционално и оваа година, го посетија Дневниот Центар за лица со посебни потреби.

Гостите од Општината заедно со Директорката на ЈУ Ценатар за социјални работи, раководителот на Дневниот центар, вработените во овие институции како и родителите на штитениците  ја проследија приредбата  на штитениците на Центарот, а во таа пригода Градоначаликот им подари мултифункциски печатар.