Мојата општина низ мојата фотографија

Продолжен рокот за пријавување на Конкурсот
,,Мојата општина низ мојата фотографија“

КОНКУРС

Ги повикуваме сите граѓани љубители на фотографијата, да земат учество на Конкурсот со тема ,,Мојата општина низ мојата фотографија“.Оваа активност всушност е продолжение на успешно реализираниот Конкурс под ист наслов, а се со цел да ги забележиме убавинитешто ги крие градот и околината.Со вашиот фотографски апарат и вашата визуелна перцепција забележете го моментот кој ќе стане вечност и сведок на времето во кое живееме.

Учесниците во Конкурсот имаат можност да се изразат во две  категории:

1.Културно историски вредности

2.Природни убавини и реткости

Изборот и оценувањето на најдобрите фотографии ќе го изврши Комисија формирана од Градоначалникот на општина Крива Паланка.

По оценувањето на пристигнатите трудови ќе бидат доделени парични награди на авторите на најдобрите фографии, одделно во двете областии тоа:

Прва награда:        5000 ден.

Втора награда:      3000 ден.

Трета награда:       2000 ден.

Крајниот рок за пријавување е 31.12.2012 год.

Криериуми:

 1. Фотографиите  да не бидат помали од 5 мегапиксели

2. Заинтересираните треба да конкурираат  со најмалку  5 фотографии

3. Фотографиите треба да бидат доставени во електронска форма на CD или DVD, во затворен плик со назнака, за Kонкурсот ,,Мојата општина низ мојата фотографија“, со податоци за авторот и негов контакт (број на телефон или адреса)

 Одговорно лице:  Лилјана Стојановска

Тел:031 372 130 и mail: [email protected]

Правата за понатамошно користење на фотографиите ги задржува Oпштината.

 

 

Големина на фонт
Контраст