Свечено прославен 8 Октомври – денот на ослободувањето на Крива Паланка

Денот на ослободувањето на Крива Паланка, кој оваа година се празнува по 68-пат, беше одбележан со повеќе свечености на кои присуствуваа голем број гости од општината, од збратимените градови како и претставници на институциите и организациите со кои Општината остварува успешна соработка.

 

 

На свечената седница се обрати градоначалникот г.Арсенчо Алексовски , а свое поздравно обраќање имаа и градоначалникот на Лугож, Романија, г.Францис Болдеа, Живко Стојановски, претставник на Националниот совет на македонската заедница во Србија, како и претставникот на општина Вршац, г. Маринел Петрика.

(Говор на градоначалникот г.Арсенчо Алексовски по повод Денот на ослободувањето на Крива Паланка)

г.Живко Стојановски му врачи златна плакета на градоначалникот г.Арсенчо Алексовски, која и е доделена на Општина Крива Паланка за извонредниот придонес во работата и афирмацијата на националниот совет на македонската национална заедница во Р.Србија.

На седницата беа доделени осмооктомвриските награди за 2012 година, кои Општината ги доделува за особени постигања и резултати на поединци и институции.

Оваа година добитници се

1. Семејството Величкови од Крива Паланка, за особени постигнувања и  придонес во збратимувањето на Општина Крива Паланка Р. Македонија и Самбревил Белгија ;

2. Драган Величковски од Крива Паланка за особени постигнувања во областа на културата, културно – историското наследство и придонес во формирањето на Градскиот Музеј Крива Паланка.

3. Христина Христовска  од Крива Паланка, за континуирани успешни резултати и постигнувања од областа на спортот .

4. Кристијан Станојковски од Крива Паланка, за континуирани успешни резултати и постигнувања од областа на спортот.

5. Лариса Жулина  – Митовски од Крива Паланака за постигнати особено значајни активности и резултати во областа на образованието.

Признание во чест на празникот на Општината  „8-ми Октомври“ за 2012 година се додели  на следните правни лица:

1.Швајцарската агенција за развој и соработка зa успешна реализација на  програмата  ,,Форум во заедницата“

2.Единица за координација на проекти ЕКФ зa успешна реализација на  програмата  „Форум во заедницата“

3.Македонски центар за меѓународна соработка за успешна реализација на проектот ,,Форум во заедницата“ во својство на имплементирачка организација

4.Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој  за успешна реализација на проект и соработка со Општина Крива Паланка.

Општинска делегација положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ, а по повод општинскиот празник свечено беа пуштени во употреба новоизградениот дел од улицата Св. Јоаким  Осоговски“ – Стара Чаршија и улицата во с.Конопница од ПОУ „Илинден“ до црквата „Св.Теодор Тирон“.

Во рамките на одбележувањето на општинскиот празник, во Градскиот Музеј,  се одржа промоција на збирка песни ,,Камено Срце“ од авторот Живко С.Стојановски, претставник на Националниот совет на македонската заедница во Србија.

Големина на фонт
Контраст