Одбележана детската недела во градинката „Детелинка“

На 5 октомври е одбележана  Детската недела во рамките на „Светскиот ден на детето“, кој се одбележува овој месец во сите земји на светот. Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето на ОН од 1989 година. Традиционално и оваа година учениците од ООУ„Јоаким Крчовски“, под раководство на професорката Лариса Жулина-Митовски, организираа концерт за децата и родителите на детската градинка „Детелинка“од Крива Паланка.

 

Во оваа прилика, под мотото „За поубав свет“, децата се запознаа за нивните права, потреби и одговорности. За време на манифестацијата младата публика уживаше во класичната, популарната и народната музика.

 

Големина на фонт
Контраст