Одржана инфо средба и работилница од проектот „Европа за граѓаните во малите општини“

Граѓаните на Крива Паланка имаа можност да се запознаат со функционирањето, институциите, организационата поставеност, проширувањето и фондовите за подршка од програмата „Европа за граѓаните“, на информативната средба, што се одржа во Општината на 28 јуни. Средбата е реализирана во рамките на проектот „Европа за граѓаните во малите општини“, чиј носител е  Институтот за европски вредности од Софија, а како партнери се вклучени уште 6 невладини организации од Македонија, Бугарија и Словенија.

Основна цел на проектот е развој на одржливо партнерство и вмрежување, кое ќе развие активно граѓанско учество. Проектот предвидува и развивање на веб платформа за вмрежување и изнаоѓање на нови партнери  за реализација на идни проекти.

На средбата, што ја организираше Регионалниот центар за соработка „Спектар“ од Крива Паланка, присуствуваше и градоначалникот Арсенчо Алексовски, кој ги поздрави ваквите  граѓански инцијативи и препорача дека во иднина очекува што повеќе активности и реализирани проекти, кои носат бенефити за малите општини и  нивно поголемо вклучување во фондовите финансирани од европските програми.

За Европската унија и расположивите фондови во рамките на програмата „Европа за граѓаните“ презентација одржа Ирена Иванова од Европската делегација.

Во рамките на проектот беше одржана и работилница за управавување со проекти од страна на експертот Александар Гумберовски. Учесниците на работилницата добија соодветни сертификати.

Големина на фонт
Контраст