Започна манифестацијата „Велигденски културен бран 2012 година“

На 2 aприл, со саем на книгата Пролетни видувања”, започна манифестацијата „Велигденски културен бран 2012 година“, која ќе трае десет дена. Саемот на книгата се одржува  по повод втори април – Светскиот ден на литературата за деца и млади во организација на Центарот за култура од Крива Паланка и издавачката куќа Феникс” од Скопје, која ќе се претстави со повеќе од 2.500 свои изданија, кои се понудени со саемски попуст од 40 до 80 отсто.

На саемот на книгата Пролетни видувања”, најпрвин со поздравен збор се обрати Претседателот на Советот на општина Крива Паланка др. Милка Митовска, а за отворен го прогласи директорот на Центарот за култура Александар Рангелов.

Беседа за значењето на прозното и поетското творештво за деца на Славко Јаневски, одржа Стана Смиљковиќ, декан на Учителскиот факултет во Врање, Србија.

Потоа, книгата Прозното и поетското творештво за деца на Славко Јаневски”, во издание на Феникс”, ја промовираше Мито Спасевски од Педагошкиот факултет во Скопје, а директорот на издавачката куќа Феникс”, Христо Петрески, на добитничката Стана Смиљковиќ и ја врачи годинашната меѓународна награда Ана Франк” за најдобра книга за деца и млади.

Во наредните десет дена манифестацијата ќе понуди изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Лесново 2011 година“, изложба на фотографии од професионалниот фотограф Каролина Ди, концерт на класична музика со Тања Јанкова на гитара и Силвана Чулева Атанасова на флејта. За затворањето на манифестацијата е најавена изведба на театарската претстава „Ожењи се Санде Калајџија“ – комедија во три чина.

Големина на фонт
Контраст