Први април – Ден на шегата

Општина Крива Паланка Ве поканува на традиционалната  Манифестација „Ден на шегата “ која ќе се одржи на ден 30.03.2012  (петок) година на Плоштадот во Крива Паланка со почеток во 11.30 часот.

Како и секојa година така и оваа ќе учествуваа најмалите, најслатките, најсмешните и највеселите дечиња од ОЈУДГ Детелинка, ООУ Илинден и ООУ Јоаким Крчовски.

Манифестацијата ќе биде проследена со дефиле низ улицата Св.Јаоким Осоговски и  културна манифестација со кажување шеги и лаги, музика и игра , а најмалите ќе уживаат и позираат пред камерите на родителите и пријателите.

Повелетe на овој ден да дадеме подршка на креативноста на најмалите кривопаланчани.

 

 ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Големина на фонт
Контраст