Одбележан денот на крводарителите

По повод Денот на крводарителството на РМ, 17 Март, во општината се одржаа пригодни свечености со кои им се оддаде признание на кривопаланечките крводарители за нивната покажана хуманост.Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски и локалната самоуправа  организираа свечен прием и коктел во општината и им го честитаа празникот на дарителите на најдрагоцената течност.

Крива Паланка е град на хуманоста, кој секогаш е на врвот на најуспешните општини по бројот на крводарувања. Како градоначалник и како општина секогаш  ги подржуваме иницијативите и активностите на Црвениот крст и редовно се вклучуваме во нив, истакна Алексовски.

Општинската организација на Црвениот крст од Крива Паланка организираше пригодна свеченост во Центарот за култура. На големите хуманитарци им се обрати претседателот на ООЦК, д-р Бранко Стаменковски, кој истакна дека и годинава планот за крводарувања е натфрлен и исполнет со 123 отсто, искажувајќи  балгодарност  за сите подарени единици крв кои спасиле нечиј живот.

По повод Денот на крводарителите беа доделени награди и признанија за 5, 10 и 25 крводарувања, за најуспешните крводарители и за најголемите подржувачи на крводарителските акции на ООЦК од Крива Паланка.

  

 

  

 

 

Големина на фонт
Контраст