Расчистување на депонијата кај Пелагониска база

Општината Крива Паланка во соработка со ЈП Комуналец спроведува активности за расчистување на огромната депонија од градежен отпад, земјен материјал, а  делумно и од комунален отпад  на локалитетот Пелагониска база во населба Грамаѓе.

Се известуваат граѓаните и правните лица дека е забрането понатамошно истоварање на било каков материјал на овој локалитет.

Од страна на надлежните служби при  Општината е поставена и табла за забрането депонирање на отпад, а  комуналните редари ќе вршат контрола на локалитетот и за секој нарушител на просторот кој ќе истовара отпад ќе изрекуват санкции согласно на законите и прописите.