Средба на градоначалникот Мицевски со амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска во својот кабинет оствари  средба со амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја, Н.Е. Сергеј Баздникин.

На средбата, градоначалникот Мицевски и амбасадорот Баздникин, дискутираа за перспективите за соработка и ги разгледаа можностите за поинтензивни контакти на сите полиња од заеднички интерес.

Како приоритет беа  издвоени потенцијалите на економската соработка, особено во делот на енергетиката и процесот на гасификација, сообраќајната инфраструктура, како и потенцијалите за развој на зимскиот туризам и имплементација на модерните технологии за автоматизација и дигитализација на услугите за граѓаните.

Амбасадорот Баздникин на средбата истакна дека постојат отворени и реални можности за соработка со општина Крива Паланка и дека тој како амбасадор на Руската Федерација, ќе ги вложи своите капацитети и досегашно искуство за да се остварат потенцијалите.