Градоначалникот Мицевски на работна средба со началникот на СВР Куманово и началникот на ОВР Крива Паланка

Денес во Општина Крива Паланка од страна на градоначалникот Борјанчо Мицевски беше организиран работен состанок со претставници на СВР Куманово и ОВР Крива Паланка. На средбата присуствуваа началник на СВР Куманово Стојанче Величковиќ, началник на униформа  Игор Митевски, началник на ОВР Крива Паланка Игор Илиевски и командир Дејан Маринковски.

Првично беа упатени честитки за новоназначениот началник на ОВР Крива Паланка, согласно новата систематизација, а потоа беа изнесени и пофалби по однос на мирната прослава за време на новогодишната ноќ, кои поминаа достоинствено и без никакви инциденти.

На средбата се разговараше за следните активности и оперативни задачи по однос на претстојните настани и празници, а во насока за зголемување на безбедноста и сигурноста по имотот и граѓаните. Општ е заклучокот дека Општина Крива Паланка и ОВР Крива Паланка во изминатиот период имаат соработка која е на високо ниво и истата треба да продолжи да се продлабочува и зголемува.