Прием за децата и семејствата на бранителите од Крива Паланка

По повод новогодишните и божиќните празници, денес градоначалникот Борјанчо Мицевски организираше предновогодишен прием за децата и семејствата на бранителите од општина Крива Паланка.

Во оваа прилика градоначалникот рече, дека никогаш несмееме да го заборавиме делото на бранителите и жртвата која тие ја дадоа, да не забораваме ниту на  вас како семејства, кои сето тоа го носат на своите плеќи. Затоа, ние како општина постојано соработуваме со Здружението на бранителите и ги следиме вашите барања и во контекст на таа соработка, го реализиравме барањето од минатата година и го преименувавме спортскиот објект, кој сега го носи името ,,Бранители 2001“. Во тек е и постапката за поставување на спомен плоча пред спортската сала, со што ја заокружиме таа целина, и  оставаме еден траен белег и спомен за идните генерации, за делото на нашите бранители.

Ја користам оваа можност, од мое лично име, од името на општина Крива Паланка и од име на Советот на општината, да ви се заблагодарам за соработката, и да ви посакам на сите вас, многу здравје, среќа и успех во Новата година, со желба да имаме убави прилики за уште поубави средби и реализација на заеднички активности во новата 2020 година, рече градоначалникот Мицевски.