Прогласени најдобриот пожарникар и полицаец во општина Крива Паланка за 2019 година

Градоначалникот  Борјанчо Мицевски денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар и најдобриот полициски службеник  во општина Крива Паланка за 2019 година.

Наградата за најдобар пожарникар од ТППЕ Крива Паланка ја доби Слаѓан Давитковски, а наградата за најдобар полицаец за 2019 година ја доби Владимир Стојановски.

Верувам дека дека ова признание и награда, поттикнува лична мотивација кај секој од вас, да не ја штедите вашата хуманост, одговорност  и посветеност кон работните задачи и овој принцип да го користиме во секој момент и да го  покажеме на дело во средината во која живееме и работиме, рече градоначалникот Мицевски при доделувањето на наградите.

Изборот на најдобрите беше исклучиво на предлог на командирите на двете служби.