Новогодишен хепенинг за најмладите

Општина Крива Паланка во пресрет на новогодишните празници организираше новогодишен музички хепениниг за најмладите, на плоштадот Карпошово востание.

Студеното време не беше пречка за веселиот  настан во кој  учество земаа учениците од општинските основни училишта, ученици од средното општинско училиште, дечињата од градинката „Детелинка“, како и учесниците на фестивалот на детски песни „Распеано симитче“.

Највеселиот момент од музичкиот хепенинг беше пристигнувањето на Дедо Мраз,  кој на најмладите им посака убава и весела година.