Новогодишни пакетчиња за децата од детската градинка Детелинка

Градоначалникот Борјанчо Мицевски заедно со претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска, денес ги посетија дечињата  од  трите објекти на градинката ,,Детелинка“ и заедно со  Дедо Мраз подарија новогодишни пакетчиња на сите дечиња од овие објекти, радувајќи ги и пренесувајќи им го предновогодишното расположение.

-Наша цел и обврска како општина, е да направиме се за најмладите, за оние кои ни се и најмили и најбитни во животот, да направиме да имаат среќно и весело детство, а во овие новогодишни празнични денови да им донесеме  радост  и среќа.

На сите дечиња им посакувам да имаат среќно и безгрижно детство и Новата година да им донесе многу игри и детски насмевки, како и успеси во понатамошниот живот, истакна градоначалникот Мицевски.