Реконструкција на водовод во с.Мождивњак и с.Длабочица

Со добра и координирана соработка на Општина Крива Паланка со МЗ Длабочица и МЗ Мождивњак е решен проблемот за водоснабдување на околу 100 домаќинства или околу 400 жители од овој крај.

Реконстрикцијата на водоводот е направена после 50 години од неговата изградба и е само еден од неколкуте водоводи кои егзистираат во ова населено место.

Општината уште еднаш апелира за иницијативност во таргетирање и решавање на проблемите во месните заедници, а до колку постои иницијативност таа е тука да помогне.