Прославен Бадник на градскиот плоштад

Ноќта, пред Христовото раѓање-Божик, кривопаланчани го прославија големиот верски празник Бадник, на Градскиот плоштад „Свети Јоаким Осоговски“. Со  палење на големиот коледарски оган се славеше  радоста, љубовта и мирот меѓу луѓето со добра волја. Бадниковиот поздрав, во рамките на црковните свечености, на кривопаланчани им го пренесе архиерејскиот намесник, протојереј ставрофор Добрислав Бошковски, а граѓаните ги поздрави и градоначалникот г-н Арсенчо Алексовски.      

Тој и овогодинешниот кум Далибор Најденов го запалија големиот бадников оган на Градскиот плоштад, а потоа сите граѓани прославија заедно со славска посна трпеза и топла ракија, обезбедени од кумот.

И оваа година се делеа традиционалните лепчиња за избор на новиот кум. Од повеќето пријавени најсреќен беше Цане Николовски, директор на ЈП Комуналец, на кого му се падна среќната паричка.

Големина на фонт
Контраст