Оддржана форумска работилница за активни млади и партиципативна демократија

Здружението Центар за младински иницијативи „ЦИК-ЦАК“ од Крива Паланка денес организираше форумска работилница на тема „Активни млади и партиципативна демократија со предлози, идеи и иницијативи за подобрување на квалитетот на живот на млади на локално ниво“, која се спровде во големата сала во општина Крива Паланка.

Денешната форумска сесија е дел од проектот „Активни граѓани и патиципативна демократија на локално ниво“ која здружението Центар за младински иницијативи „ЦИК-ЦАК“ ја реализира во соработка со НВО Инфоцентар од Скопје, а кој финансиски е поддржан од Меѓународниот центар Улоф  Палме од Шведска.

Крајна цел на проектот е унапредување на квалитетот на комуникацијата помеѓу локалната самоупарава, институциите и граѓаните, со акцент на младите и нивно локално учество  во процесите на носење одлуки и креирање политики на локално ниво, со изнесување на конструктивни предлози и креативни идеи за решавање на одредени прашања, проблеми и теми од интерес на младите.

Големина на фонт
Контраст