Градоначалникот Мицевски организираше прием за учесниците на меѓународниот проект ИДНИНА –FUTURE од програмата на EРАЗМУС+

Денес, градоначалникот Борјанчо Мицевски, во големата општинска сала, организираше прием за учесниците на меѓународниот проект ИДНИНА (FUTURE), кој го  реализира ООУ „Јоаким Крчовски“ преку програмата EРАЗМУС+.

Градоначалникот Мицевски, на учесниците на проектот им посака убави заеднички моменти, плодна соработка и активности, пријатен престој и топло добредојде во Општина Крива Паланка.

   – Младите луѓе како вас се носители на прогресивните идеи и промени во секое општество и секоја заедница, затоа искрено се надевам  дека вашето досегашно животно искуство и она што ќе го стекнете како искуство од реализацијата на ваквите проекти, ќе го пренесете и во ваште локални заедници, а тоа може да ви биде мотив и потстрек да покренете и вие свои иницијативи за подобрување на сотојбите во најразлични области и во вашите земји, зошто само со размена на позитивни искуства и практики и меѓусебна соработка и разбирање, можеме побргу и полесно да чекориме напред, рече градоначалникот Мицевски во своето обраќање пред присутните.

ООУ „Јоаким Крчовски“ од општина Крива Паланка и годинава е партнер во меѓународниот проект ИДНИНА (FUTURE) и носител на активностите кои ќе се реализираат во општина Крива Паланка.

Проектот е финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, а ќе се реализира во траење од седум дена. Во него се вклучени основни и средни училишта од Португалија, Турција, Литванија, Полска и Македонија со вкупно 11 наставници од земјите гости и осум наставници од ООУ,,Јоаким Крчовски“ и истиот ќе се одвива на англиски јазик. Координатор на проектиниот тим е Тања Д. Шкрбиќ од ООУ Јоаким Крчовски.

Главните теми кои ќе се реализираат низ заеднички работилници со наставниците и учениците, кои се вклучени во овој проект се: кодирање-алгоритми и математички размислувања, основи на роботиката преку математиката и природните науки, информатика и употреба на интернетот, комуникација и усовршување на странските јазици, како и запознавање на различни култури и учење за меѓусебна култура и развивање на културни вештини.

Во рамки на посетата, на учесниците им беа презентиран два промотивни филма за културните знаменитости, традицијата, туристичките потенцијали и посебности на општина Крива Паланка.

 

 

Големина на фонт
Контраст