Објектот на детската градинка Детелинка после 40 години со нов лик

Временските услови овозможуваат градежните активностите за рехабилитација на објектот на детската градинка Детелинка да течат со несмалено темпо. Имено по промената на кровот, течат активностите за изградба на термоенергетска фасада и промена на целокупната столарија и тоа по цели 40 години.

Во текот на вчерашниот ден обиколка и увид во работите направија претставници од канцеларијата на УНОПС со раководителката  Шерифе Исмаили Касапи. Се работи за финансиска помош од околу 90.000$ со која ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот  и условите за сместување на околу 200 дечиња.

Ова е трета активност на овој објект за само неколку месеци, по што се очекува распишување на јавна набавка и за надградба на нов кат на објектот во централното градско подрачје за што веќе е комплетирана проектната документација и се обезбедени 23.500.000 денари од Министерството за труд и социјална политика. 

Големина на фонт
Контраст