Поставен уште еден еко магацин за собирање на електронски и електричен отпад

Како резултат на мошне добрата соработка меѓу Општината Крива Паланка  и овластениот колективен постапувач со електронски и електричен отпад, батерии и акумулатори, компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО од Скопје, денеска  е поставен уште еден  метален еко магацин за одлагање на електонски и електричен отпад  во нашиот град.

Еко магацинот е поставен на улицата „Свети Јоаким Осоговски“ непосредно пред Ветеринарната станица  и истиот е наменет за граѓаните од долниот дел на градот.

Отука е-отпадот ќе биде превземен од лиценцирана компанија и ќе биде соодветно складиран и третиран, при што деловите што можат да се реупотребат или рециклираат ќе бидат селектирани, а она што неможе да се рециклира  ќе заврши во постројка за преработка на отпад.

Поставувањето на овој еко магацин вооедно е и по барање на граѓаните од долниот дел на градот кои одлагањето на електричниот и електронскиот отпад  досега мораа да го спроведуват  во еко магацинот кај автобуската станица.

Сооглед дека ваквиот вид на отпад согласно на законот  е забрането да се меша и одлага со комуналниот отпад, со овој магацин се створени  услови  за граѓаните да имаат простор каде да го одложат истиот, а  со цел заштита на животната средина за нас и за идните генерации.

Дека навистина треба да се грижиме за својата околина и правилно да постапуваме со отпадот, веднаш на дело денеска го покажаа најмладите  од детската градинка „Детелинка“, кои покрај љубопитноста  зошто и како служи овој сад,  заедно со своите одговорни се организираа и одложија неколку парчиња на  непотребен  електронски отпад од својата установа сакајки  на овој начин да упатат порака до возрасните дека и тие треба   да го одлагаат секој отпад на определеното место.

Само оваа година од страна на граѓаните се предадени или одложени над 5 тони на непотребен  електричен и електронски отпад.