Конститутивна седница на Општинскиот совет за социјална заштита

Денеска во просториите на  Општина Крива Паланка беше оддржана првата конститутивна седница на Општинскиот совет за социјална заштита.

На седницата покрај членовите кои беа избрани од Советот на Општина Крива Паланка присуствуваше и градоначалникот Борјанчо Мицевски како и претставници на општинската администрација.

Советот за социјална заштита има за цел да ги мапира социјалните проблеми и ранливи групи, да направи анализа на капацитетот на постоечки социјални услуги и потреби за развој на социјални услуги во Општината врз основа на што ќе изработи  Програма за социјална заштита за 2020 година.

На денешната  прва конститутивна седница беа избрани претседател, негов заменик и секретар, а од страна на присутните беа дадени предлози, идеи и сугестии за изработка на Програмата како и предлози со кои Општината може да  учествува на  тековниот јавен повик кој е распишан од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Големина на фонт
Контраст