Тековни градежни активности за подобрување на комуналната инфраструктура

Општина Крива Паланка преку Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура во изминатиов период и во моментот врши градежни работи на повеќе локации во рамките на Програмите за уредавање на градежно земјиште и изградба и одржување на локална патна мрежа.

Завршено е поставувањето на калдрма на делови од неколку улици и пристапни патеки на различни локации: ул.Осоговска, ул.Моша Пијаде, ул.Ратко Минев, пристап кон мост Бегови Бавчи.

Извршено е крпење на ударни дупки во градското подрачје на повеќе локации.

Извршена е санација на дел од земјани патишта во атарот на с. Крстов Дол.

Завршена е санација на монтажен метален мост во нас. Скрљава (на Скрљавски дол) и поставена е ограда на пристапна пешачка патека кон м.в. „Цонев Рид“ , како и на пешачки мост на Домачки Дол.

Во тек се градежни работи за изградба на минор коритото на Крива Река –дел 3 во должина од 300 м. и според динамиката на работите се очекува проектот наскоро да биде завршен.

Започната е изградба на канализација во дел од с. Конопница во должина од околу 1300 м. покрај патот Штала -А2,  со крак кон градските гробишта.