Градинката „Детелинка“ ќе добие нов кат

Министерството за труд и социјална политика вчера потпиша договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228.100.000,00 денари.

Со средствата од овие грантови, обезбедени со поддршка од Светска банка, ќе се изградат нови градинки во Крива Паланка со капацитет за 100 деца, во Ѓорче Петров со простор за 175 деца и во Струмица за 300 деца. Исто така ќе се адаптира нов простор за градинка во Боговиње со капацитет за 105 деца. МТСП ќе обезбеди и дополнителни средства за опремување на новите објекти.

Со проектот е предвидено градинката „Детелинка“ во централното градско подрачје да се реконструира и да се надгради со уште еден кат. Висината на инвестицијата е 23.500.000 денари.