Здружението „Осоговски акцијаши “ во акција за фарбање на оградите од мостовите

Здружението „Осоговски акцијаши“ од Крива Паланка во текот на вчерашниот ден започна со реализација на акција за фарбање на оградите на мостовите на Крива Река и Дурачка Река.

Акцијата започна со фарбање на оградатa на Соларски мост на Дурачка Река. Oваа активност за разубавување и фарбање на оградите на мостови и други јавни објекти Здружението ја реализира во соработка и координација со стручните служби на Општина Крива Паланка и таа ќе продолжи и во наредниот период во зависност од временските услови.

Локалната самоуправа досега изврши голем број на вакви и слични еколошки акции за собирање на смет, чистење, уредување и разубавување на јавните површини кои се под нејзина надлежност, во повеќе месни и урбани заедници, а нејзини партнери и соработници во спроведување на тие активности, покрај бројните други учесници беа и членовите на ова волонтерско здружение.

Фарбањето на оградите на мостовите ќе биде во  жолта боја заради подобра видливост во вечерните часови  и безбедност  на сите учесници во сообраќајот.

 

Големина на фонт
Контраст