Фестивал на есента во Скопје

На 12 ноември 2011 година училишниот оркестар при ООУ „Илинден“ – Крива Паланка, под раководство на диригентот Лариса Жулина-Митовски успешно се претстави на Фестивалот на есента во Скопје. Настапот беше награден со бурни аплаузи на гостопримливата скопска публика.

На директорот  на училиштето Оливер Дејановски и на раководителот на оркестарот им беа доделени благодарници за активно учество во манифестацијата и културна соработка помеѓу училишта. Во контекст на оваа манифестација беа изложени ликовни творби со есенска тематика.

Целта на овој фестивал беше прослава на листопадната сезона во целата нејзина убавина и боја од страна на школските креативни групи како и меѓусебно запознавање на учениците, размена на идеи и искуства и договарања на идна соработка.

 

Големина на фонт
Контраст