Уредување на комунална инфраструктура

Општина Крива Паланка интензивно работи на  санација на определени јавни површини и пристапни патеки. Покрај работите за уредување на речното корито на Крива Река, започнаа активности за поплочување на дел од улицата Моша Пијаде. По ова ќе следи санација на пристапната патека од населба Бегови Бавчи кон стар Пролетер каде веќе се завршени подготвителните активности.

Во следниот период ќе се уредуваат уште неколку локации согласно предвидената динамика на активности.  Изведувач на работите е ДИНЕ ТРЕЈД, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Крива Паланка.