Норвешка поддршка за подобрување и проширување на капацитетите на ОЈУДГ „Детелинка“

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска го потпиша договорот за грант средства за проектот „Создавање на услови за здрави идни генерации“, со кој ќе се изврши комплетно реновирање на вториот кат од детската градинка „Детелинка“.

Финасиските средства се обезбедени од проектот „Норвешка поддршка за развој на Северна Македонија“ преку Канцеларијата на Обедните нации за проектни услуги (УНОПС), а вкупната вредност на грант средствата е околу  90.000 долари.

Средствата од оваа донација ќе бидат наменети за комплетно реновирање на вториот кат од детската градинка ,,Детелинка“,  со замена на столарија, реновирање на тоалетите и  поставување на енергетска термо фасада.

Овој грант ќе придонесе во заокружување на комлетното санирање на зградата на детската градинка ,,Детелинка“, каде веќе е извршено проширување на нејзините капацитети, како и за подобрување на условите за сместување, згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, во општина Крива Паланка.