Заеднички активности на Општина Крива Паланка и Здружение за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес предаде во употреба адаптиран работен простор, канцеларија за извршување на административните активности на Здружение за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ, а воедно ја  посети работната  акција за уредување на спортскиот терен во населба „Единство“.

Овие активности Општина Крива Паланка ги спроведува заеднички во партнерство со Здружение за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ, со кошаркарски клуб „Крива Паланка” и локалното партнерство „Спорот за развој” преку имплементација на проектот „Спорт за сите”.

Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, кое финансиски го поддржува проектот,  ја опреми канцеларијата на локалното партнерство со компјутер, принтер и дополнителни канцелариски материјали кои се на располагање на сите партнери во мрежата за сите тековни и идни активности.

Конкретно денес се работеше на  уредување на спортскиот терен во населба „Единство“, каде млади лидери, спортисти и лица од локалната заедница со нивните  ментори, релизираат активност насловена како „Спорт за социјално вклучување во заедницата”,   со цел заедничка работа во областа на развој на спортот и потребните активности од програмата „Спорот за развој”.

Во финална фаза од овој проект, предвидена  е изработката на Стратешки план за развој на спортот за инклузија на Крива Паланка, според која со спорт ќе се опфатат ученици од ученичкиот дом во градот, од училишната популација во  руралниот дел, а истовремено ќе се вклучат и припадници на етничките заедници во општината. Со тоа, согласно европските стандарди и истражувања направени во областа на спортот ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на животот на младите, идни создавачи на општеството, а ќе се унапредат и останатите сегменти од општественото живеење.

 

Големина на фонт
Контраст