Прием за кошаркарската гордост на кривопаланчани Андреј Јакимовски

По повод учеството и големиот  успех што го оствари нашиот кошаркар Андреј Јакимовски, на Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија Б, денес градоначалникот Борјанчо Мицевски организираше прием за младиот спортист.  

Нашата кошаркарска гордост, Андреј Јакимовски беше дел од  Јуниорска репрезентација на Македонија, која го освои четвртото место на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Романија.

На ова првенство, Андреј е прогласен за најдобар стрелец со највисок просечен индекс и беше трет скокач, а воедно е дел од идеалната петорка на првенството.

Во оваа прилика, Градоначалникот Мицевски му се заблагодари на Андреј за достојното претставување на Крива Паланка и му го врачи симболот на градот во знак на благодарност .

-Само со напорна работа и упорност може да се постигнат зацртаните цели, а Андреј е вистински пример на упорен и  успешен млад човек, кој денес е идол на младите генерации, радост на родителите и гордост на Крива Паланка, рече   градоначалникот Мицевски во оваа прилика.