Обележување на хоризонтална сигнализација во Крива Паланка

Општина Крива Паланка започна со активност за обележување на хоризонтална сигнализација, согласно Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај на улицата Св. Јоаким Осоговски. Оваа активност ќе се извршува во периодот од 06. 08 2019 до 12. 08 2019 г. на улицата Св. Јоаким Осоговски на потегот од станицата за технички преглед-влез во градот, до мотел Македонија-излез од градот.

За потребите на овие актиности Општина Крива Паланка објави тендер за избор на најповолна фирма понудувач за обележување хоризонтална сигнализација, на кој беше избрана фирмата Виа сигнал”.

За реализација на проектот за хоризонтална сигнализација, општина Крива Паланка од својот буџет издвои 300.000 денари. Со тековната активност ќе се зголеми прегледноста на улиците и ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, што е приоритет во работата на локалната самоуправа.

 

 

Големина на фонт
Контраст