Здружението Агропаланчанка дистрибуираше едукативна брошура за правилна берба и преработка на лековити билки

Здружението „Агропаланчанка“, на  2 Август –Илинден, на народниот собор кој традиционално се оддржува во с.Жидилово, со присутните посетители оддржа обучувачко-дискусиона средба во рамки на Проектот „Селските собори како алатка за социјална инклузија на руралното население“,  а воедно беа поделени и примероци од едукативната брошура на тема  „Дивата овошна флора и лековити билки во функција на извор на приходи и извор на еколошка храна – правилна берба и правилна преработка“.

Активностите кои здружението „Агропаланчанка“ тековно ги реализира, се во рамки на проектот кој финасиски е поддржан од Општина Крива Паланка со средства наменети за поддршка на здруженија и фондации од буџетот на општината.