Националниот празник Илинден оддбележан во Крива Паланка

По повод националниот празник 2 Август- Илинден, утринава во Општина Крива Паланка им беше оддадена достојна почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна.

Букети свежо цвеќе пред спомен бистата на паднатите борци положија претставници од Локалната самоуправа со членови од Советот на Општина Крива Паланка, претставници на општинскиот Сојузот на борци, претставници на двете најголеми политички партии, како и претставници на јавните институции и група граѓани и на тој начин им одадоа почит на сите заслужни дејци, кои го дадоа животот за слободна и независна Македонија.
Претседателот на општинскиот Сојузот на борци, честитајќи им го големиот празник Илинден на сите жители на Крива Паланка и на сите Македонци, посака подобра иднина за нас и за нашите поколенија, во нашата заедничка Македонија.
,,Илинден е ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ. Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зошто врз темелите што тие ги поставија, опстојува денешна Македонија“, изјави Славе Јовановски претседател на Oпштинскиот сојуз на борци.

 

Големина на фонт
Контраст