Поставена нова урбана опрема и детски реквизити во градскиот парк

Општина Крива Паланка во соработка со ЈП Комуналец постави нова урбана опрема и реквизити за потребите на најмладите.

Во изминатиот период општина Крива Паланка континуирано работи на подобрување на условите за претстој и рекреација на најмладите и во таа насока постави нови реквизити и урбана опрема во градскиот парк.

Акциите за оплеменување и разубавување на заедничкиот простор и поставување на урбана опрема, реквизити, како и нивно оддржување  ќе продолжат и во иднина согласно соодветните програми за ваков тип на активности.

 

 

Големина на фонт
Контраст