Тековни активности за одржување на комуналната инфраструктура

Општина Крива Паланка преку Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура во изминатиов период и во моментот врши градежни работи на повеќе локации во рамките на програмите за уредавање на градежно земјиште и изградба и одржување на локална патна мрежа.

Во соработка со месното население се изврши замена на дотраена водоводна и канализациона мрежа на крак од улица „Пере Тошев“ во нас. Бегови Бавчи. Во тек се припремни работи за поставување на нов асфалтен коловоз со што кракот од улицата ќе добие нов современ изглед.

Извршена е санација на земјаниот коловоз од патот кон с.Голеш каде традиционално се одржа погранична средба „Краиште 2019“, а се изврши и санација на дел од локални земјани патишта во атар на с. Луке.

Завршени се градежните активности за санација на потпорен зид на крак од улица „Партизанска“ (кон Домачки Дол), со што се изврши заштита на коловозот и се обезбеди проширување за разминување на критичниот дел од улицата.

Завршена е санација на монтажен метален мост во нас. Скрљава (на Скрљавски дол) со зајакнување на носечките делови и нова подлога од бродски лим. Мостот го користат значителен број на жители од овој дел на градот кои понатаму преку пешачка патека се движат кон м.в. „Цонев Рид“.