Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЛУ Градски музеј од Крива Паланка и Дом на култура од Витина

Во просториите на ЛУ Градски музеј во Крива Паланка беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Домот за култура од општина Витина и ЛУ Градски музеј во Крива Паланка.

Меморандумот за соработка е фаза од имплементација на проектот „Туризам без граници“ кој е  финансиран од Европската унија преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу РС Македонија и Косово.Идејата е преку овој вид на активности да се воспостави  формална мрежа на соработка помеѓу институции, кои работат во областа на културата од општина Крива Паланка и општина Витина.

Меморандумот за соработка  беше потпишан од страна на директорот на Домот за култура од општина Витина и  Директорот на ЛУ Градски музеј во Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст