Здружението „Агропаланчанка“ реализираше обука за правилна берба на шумските плодови и лековити билки

На ден 11.07.2019 година, здружението „Агропаланчанка“ во рамките на проектот „Селските собори како алатка за социјална инклузија на руралното население“, реализираше работилница/обука на тема „Дивата овошна флора и лековитите билки во функција на извор на приходи и извор на еколошка храна – правилна берба и правилна преработка“.

Проектот  е финансиски поддржан од буџетот на  Општината Крива Паланка, преку Програмата за поддршка на здуженија и фондации за 2019 година.

Екукатор и предавач на обуката беше  д-р Љубица Каракашова, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ – Скопје. Едукативнатата брошура, како и изложената видео – презентација се наоѓаат во библиотеката на Здружението и заинтересираните граѓани може бесплатно да ја подигнат од истото.