Во тек се градежни работи на повеќе локации во општината

Општина Крива Паланка преку Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура во изминатиов период и во моментот врши градежни работи на повеќе локации во рамките на програмите за уредавање на градежно земјиште и изградба и одржување на локална патна мрежа.

Извршено е тековно одржување и делумна реконструкција на потпорните зидови на улица „Никола Тесла“ (кај социјално) и на улица „Херој Карпош“ (кај прва станбена зграда) при што се уредени и јавните површини кои се предвидува во иднина да бидат паркинг простори. Во тек е санација на потпорен зид на крак од улица „Партизанска“ (кон Домачки Дол), како и санација и уредување на косини на потпорен зид на улица „Св.Јоаким Осоговски“ (кај стар Пролетер).

Извршено е тековно одржување и асфалтирање на делови од улица „Прохор Пчински“ и пристапи кон новоизградената пешачка патека „Висока зона –лев брег“, а интензивно се работи и на крпење на ударни дупки на оштетени делови од коловози на локални улици и патишта.

Извршена е доизградба на локалниот пат Ловечка куќа –Езерце на последниот дел до самото м.в. езерце во должина од околу 70-тина метри, со што проектот е целосно завршен до стационажа 3,104 км.

Истовремено, поради обилни врнежи се работи и на санација и подобрување на условите за одвивање на сообраќајот по земјаните патишта кон одредени села, како  и во самите села.