Оддржана работилница за развивање на комуникација и комуникациски стратегии со локални граѓански организации

Денес во општина Крива Паланка се оддржа работилница за граѓанските организации на тема развивање на комуникација и комуникациски стратегии.

Оваа работлница се реализа во организација НВО ИНФОЦЕНТАР од Скопје, а како дел од поширок проект, насловен како „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, кој е финасиран од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ и поддржан од шведската влада.

Општина Крива Паланка зема активно учество во реализација на оваа активност, а  проектот се реализира во заедничка соработка со неколку локални граѓански здруженија и тоа „Цик-Цак“, здружението „Спектар“, како и „Норгес Вел“.

-Овој проект го работиме во соработка со Општина Крива Паланка и заедно со неколку локални здруженија, а вклучени се и општините Квадарци, Неготино, потоа Маврово и Ростуше, како и Теарце. Целта на овој проект е да се поттикне активното граѓанство и партиципативна демократија на локално ниво.  Всушност идејата е да соработуваме со општините и со граѓанските организации на локално ниво,  да го поддржиме нивниот развој и на тој начин да ја поттикнеме и нивната соработка со општината, но и активното вклучување на  граѓаните во процесите на креирање политики, одлучување, спроведување и слични теми. Во рамките на овој проект,  денес  заедно со партнерките граѓански организации од Крива Паланка, здруженијата Цик Цак, Спектар и Норгес Вел, организиравме работилница за развивање на комуникација и комуникациски стратегии, а во периодот кој следува продолжуваме да работиме на темите на јавно застапување, а ќе работиме и на полето на подготовка на проекти, проектни апликации, проектно менаџирање со посебен фокус на европските фондови, како и на начинот на кој се поддготвуваат европските апликации. Ова се сет на активности кои ќе ги спроведеме во општина Крива Паланка, а се резултат на реалните потреби на граѓанските организации од општината, изјави координаторот на проектот Билјана Бејковска.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски изјави дека Општината како институција континуирано ги подобрува инструментите за комуникација и информирањето, како и интеракцијата со надворешната јавност. Општина Крива Паланка,  покрај веќе поставената рубрика- Пријави проблем, овозможи и нов канал за комуникација – Live chat, со кој продолжува во своите заложби за отворена и достапна општина за сите.