Исчистена триесетгодишна депонија

Општината Крива Паланка со ангажирани работници за јавни работи спроведе повеќедневна акција за расчистување на една од најстарите  депонии во општината Крива Паланка,  лоцирана во шумата над локалитетот Башичево лозје.

Од оваа локација поради стрмниот и непристапен терен со тешки напори се извадени над 20 м3 на разновиден отпад.

На локацијата е поставена табла за забрането фрлање на отпад и соодветен надзор.

Акцијата  продолжува и во наредните денови.

Големина на фонт
Контраст