Општина Крива Паланка доби ровокопач преку Проектот за подобрување на општински услуги кој го спроведува МФ

Општина Крива Паланка е една од триесетте општини која доби механизација преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии. Станува збор за ровокопач кој Општина Крива Паланка заеднички ќе го користи со општините Ранковце и Кратово.

Механизацијата ќе придонесе за подобрување на условите за живот за граѓаните на повисоките места, како и во руралните општини. Таа ќе овозможи непречено извршување на општинските услуги, како   расчистување на патишта во различни временски услови, редовно чистење на канали, регулација на речни корита, превенција на поплави и други активности.